«

»

Jan 14

Градоначалникот Котевски Василица ја прослави со жителите на општина Новаци

DSC_0565

Градоначалникот на општина Новаци, Православната Нова Година ја дочека со жителите на општина Новаци. Ги посети сите коледарски огнови и се дружеше со неговите сожители.

„Овој период е еден од најубавите во годината затоа што изобилува со празници, со можност за прослава и дружење, но и за зачувување и продолжување на богатите народни обичаи. Секогаш кога имам можност практикувам да се дружам и да празнувам заедно со жителите на мојата општина“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

DSC_0557

Коледарски огнови, богата трпеза и мазник со паричка имаше на неколку места во општина новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php