«

»

Jan 09

Формиран културно иновативен клуб “Новаци”

Грб о.Новаци

Во општина Новаци формиран е првиот културно-иновативен клуб „Новаци“ кој ќе биде посветен на развивање на културниот живот во локалната самоуправа. Според градоначалникот Лазар Котевски, формирањето на овој прв клуб од ваков вид во општината ќе овозможи поголем број млади луѓе да понудат креативни идеи и содржини од областа на културата, за што ќе биде обезбедена и соодветна поддршка.

– Формирањето на ваков клуб во рурална општина освен што е реткост е и добра можност за видливи резултати. Очекуваме од клубот конкретни програми од областа на културата и нивна имплементација, идеи за развој на културниот и манастирскиот туризам, како и погранична соработка со општините од соседна Грција, истакна Котевски.

Првата програмска активност на културно-иновативниот клуб „Новаци“ беше посветена на децата со претставата „Дин-дин-донг“, а наскоро ќе биде понуден проект за младите од општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php