«

»

Jan 09

Општина Новаци со оригинална идеа за заживување на Мариово

mariovo 1

За да го врати животот во Мариово , општина Новаци на чело со градоначалникот Лазар Котевски донесоа одлука на сите оние кои сакаат да се вратат да живеат и работат во Мариово да им издаде општински згради без надомест на користење на долгорочен закуп од неколку децении.

„За да го вратиме животот во Мариово ние донесовме одлука да им го отстапиме на користење нашите објекти, кои со територијалната децентрализација државата нам ни ги отстапи. На тој начин мислиме дека ќе наговориме некои Мариовци или други наши жители, да дојдат во Мариово, но не само за викендите туку и да останат да живеат“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во Мариовскиот крај старосната граница е над 65 години, ретко се слуша музика или детски џагор. Но од неодамна состојбата се движи на подобро кога Македонци од овој крај започнаа да се женат со Македонки од Мала Преспа.

Во настојувањето да го заживее Мариово, општина Новаци изработи неколку проекти за развој на селскиот алтернативен туризам. Воспоставена е соработка со Долна Нормандија која има големо искуство на ова поле. За таа цел архитекти од Нормандија, Париз и Лион беа во посета на Мариово и се запознаа со архитектурата на овој крај за да ги реставрираат старите и руинирани куќи во автентичен стил на тој начин што би му го вратиле стариот изглед.

Општина Новаци наскоро ќе започне и со реализација на проектот од ИПА програмата „ Жива историја – жива природа“ за развој на селскиот туризам.

Општина Новаци посебен акцент става и на развојот на манастирскиот туризам, бидејќи Мариово изобилува со огромен број цркви и манастири: 59 цркви и 29 манастири од кои поголем број се под заштита.

2 pings

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php