«

»

Jan 04

Општина Новаци започна со изградба на патеки со бехатон плочки

IMG_1985

Откако се подобрија временските услови продолжија започнатите градежни активности во општина Новаци. Деновиве актуелна е изградбата на пешачката патека со бехатон плочки.

„Продолживме со изградбата на пешачката патека на главната улица во село Новаци која ќе биде поплочена со бехатон плочки. Ова е доста важна работа за жителите на ова место, затоа што станува збор за еден доста фреквентен патен правец кој води до РЕК Битола, а патеката е неопходна за безбедно движење на пешаците во ова населено место“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

IMG_1986

Средствата за изградбата на печашката патека се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php