«

»

Jan 03

Советот на општина Новаци со програма за работа за 2013 година

IMG_1664

Советот на општина Новаци со цел да обезбеди услови за остварување на надлежностите утврдени во Законот на локална самоуправа, Статутот и Деловникот на Советот и извршување на својата функција, како и обезбедување на пристап на сите заинтересирани субјекти, ја програмира својата работа и на транспарентен начин ги презентираше основните насоки по кои ќе се раководи во текот на 2013 година.

Како едни од поважните активности на Советот на општина Новаци се: Донесување на Завршната сметка на буџетот на општина Новаци, завршна сметка, финансовиот план и програмата за работа за 2013 година на ОУ „Славко Лумбарковски“, извештаи за работа и реализација, квартални извештаи, извештај за попис , програма за одбележување на позначајни историски настани за 2013 година, информација за состојбата со депонијата Мегленци, информација за загадувањето што го предизвикува РЕК Битола, проценка на ризикот по безбедноста на водата за пиење во општина Новаци, програма за јавно осветлување, состојбата со водоснабдувањето и каналската мрежа, шумските површини и опасности од пожари, состојбата со училиштата, јавна безбедност , информација за реализацијата на примарната здравствена заштита на населението, донесување на предлог Буџет за 2014 година и друго.

Програмата за работа на Советот на општина Новаци е отворена за секој нов предлог ако тоа значи збогатување и подобрување на нејзиниот квалитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php