«

»

Jan 02

Се одржа традиционалното новогодишно дефиле на децата од ОУ “Славко Лумбарковски” во Новаци

IMG_1939

Дедо Мраз, Старата и Новата Година и сите дечиња од ОУ „Славко Лумбарковски“ со музика прошетаа низ улиците на Новаци и го одржаа традиционалното новогодишно дефиле.

„Ова дефиле се одржува во нашата општина од кога паметам за себе. Сите дечиња со маски шетаат низ улиците на Новаци, доаѓаат во училиштето каде играат а потоа градоначалникот им доделува новогодишни пакетчиња“, вели директорката на училиштето Ана Котевска Велјановска.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски обезбеди новогодишни пакетчиња за сите 203 дечиња.

„По повод новогодишните и божиќните празници традиционално секоја година доделуваме пакетчиња за сите дечиња од нашата општина како и за социјалната категорија. Ние како општина многу се грижиме за децата бидејќи тие се нашата иднина и постојано работиме за да им обезбедиме подобри услови за учење. Така годинава ги реновиравме сите училишта , отворивме ново училиште после 25 години во Рапеш а во тек е изградбата на монтажното училиште во Далбеговци“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

IMG_1929

Градоначалникот Котевски на сите дечиња им ја честита Новата 2013 година и им посака среќни и весели Божиќни празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php