Monthly Archive: January 2013

Jan 31

Во Новаци се слави Свети Атанасиј

Сите патишта во Новаци денеска водат до црковниот  храм кој го носи името на Свети Атанасиј, светецот кој денеска се слави според календарот на Македонската православна црква. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски за едно со неговите сожители присуствуваше на светата божествена литургија и прославата во црковната сала.

Jan 30

Ќе се легализира Центар за ран детски развој “Бамби” во општина Новаци

Одржано е ветувањето кое Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски го даде на неодамна одржаната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Новаци на поставено прашање на жител на Новаци . Комисијата беше испратена во најкус можен рок со цел да изврши проценка и увид на состојбата во Центарот.

Jan 30

Ставен камен темелник за секундарна водоводна мрежа во Горно Агларци

Во присуство на мноштво мештани,медиуми, верски лица , градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на Советот Пецо Мицевски и администрацијата на општина Новаци денеска беше ставен камен темелник за започнување со изградба на секундарната водоводна мрежа со што ќе се реши проблемот со водоснабдување на селата:Горно, Долно Агларци и Далбеговци.

Jan 30

Се одржа 59-тата седница на Советот на општина Новаци

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 59 тата седница на која советниците расправаа за 17 точки на дневен ред и неколку Предлог Одлуки за неспроведување на стратегиски оценки , како и барања од жители.

Jan 30

УЈП ќе ги обучува земјоделците во општина Новаци

Претставници од Управата за јавни приходи Регионална дирекција Битола остварија средба со градоначалникот на општина Новаци на која разговараа за предвидените едукации-обуки наменети за земјоделците кои спаѓаат во категоријата даночни обврзници.

Jan 30

Општина Новаци ќе го развива алтернативниот туризам во Мариово

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со Јове Парговски од НУ Завод и Музеј Битола и Митко Крстевски претседателот на Здружението „Буфче“ од с.Зовиќ, мариовско.На средбата се разговараше за можностите за развој на алтернативниот селски туризам во преубавото но за жал неискористено во тој план Мариово.   „Мештаните од село Зовиќ имаат …

Continue reading »

Jan 29

Градоначалникот Котевски со Сертификат за успешно завршена Политичка академија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски се здоби со Сертификат за успешно завршена Политичка Академија 2013 за јакнеење на демократијата на локално ниво, која ја организираше германската политичка фондација Конрад Аденауер и Институтот Павел Шатев.

Jan 29

Претставници од Министерството за земјоделие во посета на општина Новаци

Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Управа за водоснабдување, Благоја Стоилов и Кадир Салих остварија средба со градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски на која се разговараше за можностите за водоснабдување на Новачкото поле и префрлување на хидросистемот за наводнување на ЈП „Стрежево“ на територијата на оваа општина.

Jan 29

Седница на комисијата за урбанизам во општина Новаци

Заседаваше Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на општина Новаци на која присуствуваше и градоначалникот Лазар Котевски. На состанокот се разгледуваше Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2013 година како и Преглед извештајот за реализацијата на истата програма во изминатата 2012 година.

Jan 28

Градоначалникот Лазар Котевски разговараше со жителите на Бач. Живојно и Гермијан

Како што се ближа стартот на изборната кампања за претстојните локални избори, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник за општина Новаци Лазар Котевски редовно остварува средби со жителите на населените места кои спаѓаат на територијата на неговата општина. Синоќа одржа една таква средба со жителите на селата: Бач, Живојно и Гермијан.

Older posts «

css.php