«

»

Dec 28

Со низа мерки ќе се воведува комунален ред во општина Новаци

IMG_1665

Советот на општина Новаци на последната седница донесе одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општина Новаци. Со неа се уредуваат односите и начинот на вршење на комуналните дејности и мерките за нејзино спроведување.

„Со оваа одлука се регулира комуналниот ред во општина Новаци, односно се одредува начинот на вршење на комуналните дејности меѓу давателите и корисниците на услугите при снабдувањето со вода за пиење, одведувањето и испуштањето на фекалните и атмосферските води, управувањето со комунален отпад,депонирање на индустриски неопасен отпад, постапување со инертен отпад, одржувањето на јавната чистота, парковите и зеленилото, одржувањето на локалните патишта и улици, гробиштата, одржувањето на јавното осветлување, одржување на јавните санитарни јазли, аерозапрашување, дезинсекција, дератизација и слично“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Мерките за спроведување на комуналниот ред се утврдуваат со посебни програми а инспекцискиот надзор го вршат овластените општински комунални инспектори и комуналните редари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php