«

»

Dec 28

Детска Новогодишна претстава во “Бамби” во општина Новаци

IMG_1917

Дечињата кои го посетуваат центарот за едукативен развој „Бамби“ во Новаци за градоначалникот Лазар Котевски и нивните родители и роднини изведоа убава новогодишна приредба.

„Оваа недела е богата со културни настани посветени на Новата година. Многу сум задоволен од работата на Центарот и сакам да посочам дека сме во процедура оваа игротека да прерасне во детска градинка затоа што и децата од руралните средини имаат право на ран едукативен развој како и децата од урбаните градски средини“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Децата имаа подготвено новогодишна честитка за градоначалникот Котевски.

На крајот од претставата дечињата ги посети Дедо Мраз, Баба Мразица и добрата Вила кој му подели мали поклончиња.

IMG_1916 IMG_1922

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php