«

»

Dec 27

Детска претстава “Дин дин дон” во општина Новаци

IMG_1904

Општина Новаци беше домаќин на новогодишната интерактивна детска претстава „Дин дин дон“ во организација на Здружението „Културен иновативен клуб Новаци“ од Новаци. Ова е новоформирано здружение во кое отсега ќе членуваат и ќе творат децата од општина Новаци.

„Многу мие мило што денеска можеме да присуствуваме на оваа новогодишна претстава која ја подготвија и изведоа децата од општина Новаци. Ги повикувам сите родители да ги зачленат своите деца во ова ново здружение и да ги пуштаат редовно да го посетуваат каде ќе можат заеднички да се едуцираат, творат и културно и уметнички да се развиваат“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Здружението „Културен иновативен клуб Новаци“ од Новаци за многу кратко време успеа да ја подготви и изведе прекрасната новогодишна претстава, а понатаму ќе следат уште многу други културни случувања.

IMG_1898

„Ова е наше прво остварување но ветуваме дека во иднина ќе имаме многу активности и манифестации во кои ќе ги вклучиме сите деца од општина Новаци“, рече Елизабета Јончиќ од Здружението „Културен иновативен клуб Новаци“ од Новаци.

На крајот од претставата градоначалникот Лазар Котевски на сите дечиња му ја честита Новата 2013 година и му посака среќни Божиќни празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php