«

»

Dec 26

Успешно заврши екстерното тестирање во ОУ “Славко Лумбарковски” во Новаци

DSC_52111

Успешно заврши екстерното тестирање кое на 21, 22 ,24 и 25  декември се спроведуваше во ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Централното училиште во општина Новаци е едно од 45 основни училишта во Република Македонија кои беа избрани за пробно екстерно тестирање. Државната комисија задолжена за спроведување на екстерното оценување однапред имаше изготвено утврден план според кој се одвиваа сите работи.

„Нашето училиште заедно со ОУ „Елпида Караманди“ и ОУ “Тодор Анѓелевски“ од Битола беа избрани и каде се спроведе компјутерското пробно тестирање. По два наставни предмети се тестираа учениците од сите одделенија. Кај одделенската настава во четврто и петто одделение тестирањето се вршеше по математика и општество, во шесто одделение по математика и историја, во седмо деветолетка математика и географија, седмо осмолетка математика и хемија а во осмо математика и физика. Задоволни сме од начинот на кој се функционираше и со задоволство можам да кажам дека децата успешно го направија тестирањето и се подготвени за мајското екстерно тестирање“, вели Ана Котевска Велјановска директор на ОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци.

Ова тестирање се извршуваше компјутерски и е проба на она кое ќе се спроведе во мај во сите училишта во Република Македонија. Според Министерството за образование, добиените резултати од екстерното тестирање на учениците нема да влијаат врз нивните полугодишни оценки туку се воведува со цел да се оцени дали наставниците објективно го вреднуваат нивното знаење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php