«

»

Dec 26

Општина Новаци донесе програма за одржување на јавна чистота за 2013 година

IMG_0617

Општина Новаци донесе програма за одржување на јавна чистота за 2013 година со единствена цел одржување на чистотата на јавните површини и отворените простори на јавните објекти заради обезбедување на поквалитетни услови за живот на граѓаните и почиста животна средина.

„Општата цел на програмата е да се обезбеди редовно чистење (метење и миење) на јавните површини и отворените простори на јавните објекти како и чистење на снегот и мразот во зимски услови. Со оваа програма се утврдува територијата, распоредот и фреквенцијата за одржување на јавната чистота, се утврдуваат основните начела на вршење на работите за одржување на јавната чистота, се утврдува надзорот на спроведувањето и начинот на финансирањето“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Изведувач на програмата за јавна чистота ќе биде Комуналното претпријатие „Пела Хигиена“.

„При утврдувањето на јавните површини кои ќе се одржуваат со оваа Програма земени се во предвид: густината на населеност, фреквенцијата на граѓани и сообраќај, социјалните, културните и воспитно образовните објекти.Чистењето на јавните површини ќе се врши по категории: во прва категорија спаѓа централното подрачје каде ќе се врши метење, собирање и исфрлање на смет пед дена во неделата и втора категорија каде метењето, собирањето и исфрлањето на отпадот ќе се врши еднаш неделно“, вели Горан Велјановски, технички директот на КП „Пела Хигиена“.

Со програма за одржување на јавна чистота за 2013 година опфатени се и зелените површини на територија на општина Новаци,  чистење на пристапните патишта кон населените места, чистење и одржување на каналската мрежа и вонредно одржување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php