«

»

Dec 26

Општина Новаци донесе акционен план за чистење на речните корита во 2013 година

Општина Новаци ја донесе Програмата за заштита од штетно дејство на водите на подрачјето на општина Новаци за 2013 година. Акциониот план за чистење на речните корита за 2013 опфаќа чистење на каналската мрежа и речите: Црна река, Елешка река, Градешка, река, Бела река, Трновшица, Коњарка и Шемница.

Овој акционен план е особено важен и содржи упатства за постапување посебно во проелт кога овие реки надоаѓаат и постои опасност од предизвикување на поплави.

Во општината постојат повеќе канали за одводнување а приоритет е 10 тиот канал во должина од 7300 метри од кои околу 300 метри е бетониран со средства на општина Новаци и таа динамика се одвива континуирано секоја година.

Во акциониот план приоритет му се дава на чистењето на коритото на река Црна чие ниво е повисоко од нивото на одводните канали и постои поврат на надојдена вода и можност за поплавување на новачкото поле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php