«

»

Dec 26

Општина Новаци домаќин на “Трите прасина и Дедо Мраз”

IMG_1805

Детскиот театар Бабец од Битола денеска во просториите на општина Новаци со почеток во 12 часот ја изведе новогодишната претстава „Трите прасиња и Дедо Мраз“. Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.

„Многу мие мило што гледам дека салата е преполна и дека има интерес за вакви културни настани.Како што ви ветивме, еве денеска организиравме новогодишна претстава, а и понатаму ќе продолжиме со ваквата практика.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Претставата „Трите прасиња и Дедо Мраз“е во текст и режија на Јулијана Мирчевска.Станува збор за класична интерактивна новогодишна претстава во која преку танци, песни и актерка игра е раскажана приказната за трите прасиња и Дедо Мраз.

IMG_1823

Влезот за претставата е бесплатен а присуствуваа сите дечиња од општина Новаци.

Ваквите културни случувања придонесуваат многу за едукативниот и културниот развој на децата од руралните средини. И пред два месеци општина Новаци беше домаќин на театарска група во рамките на проектот Регионални денови на културата.

1 ping

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php