«

»

Dec 26

Градоначалникот Лазар Котевски во посета на семејството со најмногу деца во с.Новаци

IMG_1827

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска го посети најмногудетното семејство во с.Новаци. На четирите дечиња му подари новогодишни пакетчиња и топли ќебиња за ладните зимски денови.

„Денеска го посетивме ова семејство кое спаѓа во категоријата социјални случаи и му дадовме една мала донација која се состои од ќебиња и новогодишни поклончиња, на која се надевам дека најмногу ќе и се израдуваат децата и ќе придонесат за поубава и повесела празнична атмосфера“.

IMG_1830

Ова е редовна практика за градоначалникот Котевски секоја година пред Новогодишните и Божиќните празници да ги посетува ранливите категории жители на неговата општина и да им дава донации. Вакви акции ќе следуваат и во Добромири, Далбеговци, Рибарци, Живојно и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php