Daily Archive: December 26, 2012

Dec 26

Градоначалникот Лазар Котевски во посета на семејството со најмногу деца во с.Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска го посети најмногудетното семејство во с.Новаци. На четирите дечиња му подари новогодишни пакетчиња и топли ќебиња за ладните зимски денови.

Dec 26

Општина Новаци донесе програма за одржување на јавна чистота за 2013 година

Општина Новаци донесе програма за одржување на јавна чистота за 2013 година со единствена цел одржување на чистотата на јавните површини и отворените простори на јавните објекти заради обезбедување на поквалитетни услови за живот на граѓаните и почиста животна средина.

Dec 26

Успешно заврши екстерното тестирање во ОУ “Славко Лумбарковски” во Новаци

Успешно заврши екстерното тестирање кое на 21, 22 ,24 и 25  декември се спроведуваше во ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Централното училиште во општина Новаци е едно од 45 основни училишта во Република Македонија кои беа избрани за пробно екстерно тестирање. Државната комисија задолжена за спроведување на екстерното оценување однапред имаше изготвено утврден план според …

Continue reading »

Dec 26

Општина Новаци донесе акционен план за чистење на речните корита во 2013 година

Општина Новаци ја донесе Програмата за заштита од штетно дејство на водите на подрачјето на општина Новаци за 2013 година. Акциониот план за чистење на речните корита за 2013 опфаќа чистење на каналската мрежа и речите: Црна река, Елешка река, Градешка, река, Бела река, Трновшица, Коњарка и Шемница.

Dec 26

Општина Новаци домаќин на “Трите прасина и Дедо Мраз”

Детскиот театар Бабец од Битола денеска во просториите на општина Новаци со почеток во 12 часот ја изведе новогодишната претстава „Трите прасиња и Дедо Мраз“. Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.

Dec 26

Новогодишни пакетчиња за дечињата од општина Новаци

Како и секоја година така и оваа, општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“.

css.php