«

»

Dec 21

Јавна расправа во Советот на општина Новаци за Буџетот за 2013 година

IMG_1789

На денешната седница на Советот на општина Новаци се одржа јавна расправа за најважниот документ на една локална самоуправа а тоа е Проекцијата за Буџетот за 2013 година.

„Денеска го донесовме Буџетот за следната година во кој имаме планирано многу капитални проекти и инвестиции меѓу кои би сакал да ги споменам:реконструкција на училиштето во с.Рибарци, партерно уредување во с.Добромири, чистење на каналите и бетонирање на 10 тиот канал во с. Новаци, изградба,реконструкција и одржување на локалните патишта, изградба на фонтана во с. Новаци, реконструкција на мостови, изградба на ракометно игралиште во с.Долно Агларци, изградба на водопоила и друго“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Буџетот за 2013 година изнесува околу 191 милиони денари а Буџетот за претходната година е реализиран околу 70 %.

„Во Буџетот за 2013 година предвидена е и програма за развојни програми која изнесува 15 милиони денари. Со неа се планирани многу проекти како реконструкција на водоводниот систем во с. Старавина, изградба на локалниот патен правец Брод-Гнеотино, изградба на канал во с. Гермијан,брана на река Строшница. Во програмата за заштита на животната средина пак предвидено е да се изградат капацитети за водоснабдување односно брана во с.Брод и с.Новаци, водопоила во општина Новаци,партерно уредување на река Коњарка, реконструкција на водоводот 5 чешми и друго“, вели раководителот на одделението за финансиски прашања Оливера Димитровска.

 

Заради континуирана транспарентност и почитување на начелото на јавност во работењето на Општина Новаци, Предлог Буџетот за 2013 година жителите можеа да се погледнат на огласната табла на општина Новаци, веб страната на општината www.opstinanovaci.gov.mk или пак лично да се обратат секој работен ден од 08 до 15 часот. Исто така им беше дадена можност сите свои сугестии, предлози и мислења да ги доставуваат писмено во Архивата на општина Новаци или да ги испратат на е-маил адресата на општината најдоцна до 18.12.2012 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php