«

»

Dec 21

Градоначалникот Котевски на средба со претставници од НУ Завод и Музеј Битола

Започнаа подготвителните активности околу реализацијата на проектот „Жива историја – жива- природа“ кој во себе вклучува реновирање на знаменитости кои претставуваат културно наследство и се под заштита на државата. За таа цел беше одржан состанокот меѓу градоначалникот на ошпштина Новаци Лазар Котевски и раководниот тим на НУ Завод и Музеј Битола.

„Со проектот е предвидена реконструкција на црквата св.Димитрија во с. Градешница која е прогласена за културен споменик од прва категорија, мостот во с.Зовиќ и воденицата. Реконструкцијата на спомениците кои се опфатени со проектот а се од особено значење и интерес за разој на алтернативниот туризам неможе да се реализира без партнерството на експертите од Музејот од Битола. Особено ја цениме нивната поддршка и стручното мислење кое во многу ќе придонесе за успешно реализирање на проектот“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Претставниците од Завод и Музеј Битола ја изразија целосната нивна поддршка при реализацијата на проектот кој треба официјално да започне од месец јануари 2013 година.

Средства за реконструкција на овие знаменитости се обезбедени преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Грицја .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php