«

»

Dec 20

Новогодишна детска претстава во општина Новаци

Детскиот театар Бабец од Битола во понеделник на 24 декември во просториите на општина Новаци со почеток во 12 часот ќе ја изведе новогодишната претстава „Трите прасиња и Дедо Мраз“. Претставата е во текст и режија на Јулијана Мирчевска.

Станува збор за класична интерактивна новогодишна претстава во која преку танци, песни и актерка игра е раскажана приказната за трите прасиња и Дедо Мраз.

Ваквите културни случувања придонесуваат многу за едукативниот и културниот развој на децата од руралните средини. И пред два месеци општина Новаци беше домаќин на театарска група во рамките на проектот Регионални денови на културата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php