«

»

Dec 20

Градоначалникот Котевски на средба со пензионерите

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со претставниците на здружението на пензионери од општина Новаци на која ги информираше за новодобиениот грант и активностите околу реконструкцијата на пензионерскиот клуб.

„Многу мие мило што денеска се сретнавме тука во новите општински простории за да ви соопштам една убава вест а тоа е реновирањето на просторијата каде ќе биде сместен пензионерскиот клуб кој ќе можат да го користат сите членови пензионери на пензионерското здружение на општина Новаци. Поголем дел од потребните финансии ќе ги обезбедиме од Буџетот на општината и од добиениот грант од Мировниот корпус“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Градежните зафати за реновирање на просторијата каде ќе се наоѓа клубчето наменето за социјало дружење на пензионерите ќе започнат од 1 февруари 2013 година и ќе траат 6 месеци.

„Многу се радуваме што ќе добиеме просторија каде ќе можеме да се дружиме во секое време и убаво и достоинствено да ги поминуваме пензионерските денови.Со нетрпение очекуваме да биде реновирана и опремена просторијата, а посебна благодарност сакаме да му укажеме на градоначалникот Котевски за покажаната грижа за најстарите жители на општина Новаци“, рекоа членовите на Здружението на пензионери од општина Новаци.

По реновирањето и опремувањето на пензионерискиот клуб во Новаци ќе се одржат и 3 работилници на тема: здравје, фолклор и традиција и лидерски способности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php