«

»

Dec 20

Градоначалникот Котевски заедно со дечињата од “Бамби” ја накитија новогодишната елка

Градоначалникот Лазар Котевски го посети единствениот центар за едукативен развој во општина Новаци. Заедно со дечињата ја накитија новогодишната елка. „Полека започнува сите да не зафаќа предновогодишната еуфорија, а на новогодишните празници и украси најмногу се радуваат децата. Затоа денеска ги посетив и многу сум среќен што заедно со нив ја накитивме нивната елка.

Следната недела повторно ќе ги посетам кога ќе имаат новогодишна претстава а секако општината им обезбеди и новогодишни подароци“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Во просториите на општина Новаци по повод новогодишните празници за в понеделник 24 декември со почеток во 12 часот, детскиот театар Бабец ќе одржи претстава „Трите прасиња и Дедо Мраз“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php