«

»

Dec 19

Презентирани студиите за реализација на парно греење во Новаци и Битола

Во Општина Новаци денеска се одржа 5 – тата односно и последна работилница од проектот ТЕЛЕТЕРМ- Пренос на знаење за централно греење на Битола и Новаци. Во рамките на истата беа презентирани заклучоците од реализираната втора студиска посета на грчките партнери ДЕТЕПА а двата експерти од Техничкиот факултет од Битола ги претставија студиите за начинот на спроведување на топлификацијата во двете општини.

„Целта на студијата е да ги идентификуваме можните пречки и трошоците за спроведувањето на паарно греење во општина Новаци, каде има приватни јавни згради и индивидуални станбени куќи. Целта на студијата е да се изработи проектно решение,да се проценат трошоците за приклучување кон централното греење, да се идентификуваат можностите за приклучување на објектите и стаклениците за развој на земјоделското производство“, рече проф.д-р Игор Неделковски, од Техничкиот факултет Битола.

„Во техничката студија за општина Битола е направена анализа на објектите кои се од интерес да се поврзат пред се јавните објекти и училиштата кои имаат слаба изолација и трошат големо количество нафта за затоплување што е неисплатливо, потоа зградите и куќите кои веќе имаат постоечка инсталација“, рече проф.д-р Зоре Анѓелевски, од Техничкиот факултет Битола.

Присутните на работилницата имаа можност да ја погледнат видео презентацијата за досегашните активности од проектот ТЕЛЕТЕРМ, да поставуваат прашања но и да разменуваат искуства и знаења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php