«

»

Dec 19

Ќе се уредува островчето пред општина Новаци

Започнаа градежните зафати за уредување, обележување и хортикултурно декорирање на островчето пред општина Новаци.

„Иако временските прилики не се баш поволни, започнавме со градежните зафати околу заградувањето и уредувањето на островчето кое се наоѓа на најфреквентната улица која врви низ Новаци а оди до РЕК. Планираме ова островче да се нареди со бехатон плочки, хортикултурно да се уреди и да се постават керамички саксии. Исто така заради безбедност во сообраќајот островчето ќе го обележиме со бела и црвена боја“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php