«

»

Dec 19

Ќе се реконструира пензионерскиот клуб во Новаци

Општина Новаци продолжува со позитивниот тренд и реализација на уште еден сопствен проект. Со средства добиени од Програмата за мали грантови на Мировниот корпус во РМ и сопствени средства  во сразмер 50:50 ќе го реконструира пензионерскиот клуб во с. Новаци. На овој начин ќе се подобри квалитетот на живот на пензионерите од општина Новаци, ќе се организираат 3 едукативни семинари и работилници.

„Просторијата каде што е сместен пензионерскиот клуб во с. Новаци се наоѓа во незавидна руинирана состојба. Со проектот „ За долг здрав живот“ ќе се обнови водоводната и електричната инсталација, санитарниот чвор, просторијата ќе се опреми со мини кујна, нов под и таван, ќе се обезбеди греење и на тој начин пензионерите ќе добијат простор каков што од секогаш заслужуваат“, рече градоначалникот на општина Ноавци, Лазар Котевски.

Проектот ќе започне од 1 февруари и ќе трае 6 месеци. Во општина Новаци има едно пензионерско здружение во кое членуваат околу 300 членови.

„ Грижата за највозрасната категорија од населението во општина Новаци отсекогаш била една од приоритетните заложби на локалната самоуправа, а таа грижа несебично ќе продолжи и во иднина“, рече градоначалникот на општина Ноавци, Лазар Котевски.

Општина Новаци секогаш ги помага пензионерите во разните туристички обиколки и им обезбедува бесплатен превоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php