«

»

Dec 19

Ќе се дели Заедничкото Јавно Комунално Претпријатие “Пела Хигиена” на Новаци и Могила

Општините Могила и Новаци започнаа постапка за поделба на заедничкото комунално претпријатие „Пела Хигиена“. Претпријатието е формирано пред 2 години преку проектот „Форуми во заедницата“ на Швајцарската агенција за соработка заради основна дејност организирање, собирање и транспорт на комунален отпад на територија на Новаци и Могила.

„На денешната средба со градоначалникот на општина Могила Славко Велевски, директорот на ЗЈКП Пела Хигиена и претставници на двете локални самоуправи разговаравме за поделбата на заедничкото комунално претпријатие. Сметаме дека доколку се формираат две различни претпријатија и се подели механизацијата со која располага сегашното заедничко претпријатие подобро ќе функционираат и ќе ги извршуваат дејностите заради кое е формирано“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Целокупните активности од Програмата на ЗЈКП „Пела Хигиена“ беа координирани од страна на двете општини, и тоа се покажа како неуспешен модел на функционирање.

„Условите за работа на двете општини Могила и Новаци не се исти и затоа неможе да се управува на ист начин. На пример трошоците за транспорт на отпадот се поголеми за Могила отколку за Новаци затоа што ние сме поблиску до депонијата. Додека бројот на корисници на нашите услуги во Могила е двапати поголем отколку во Новаци. Заради ваквите и слични проблеми сметаме дека ако се поделиме како две засебни претпријатија подобро ќе функционираме “ рече Горан Велјановски- технички директорот на ЗЈКП „Пела Хигиена“.

Во иднина комуналното претпријатие кое ќе функционира во општина Новаци планира да ја прошири својата дејност и да го преземи копањето, чистењето и одржувањето на каналската мрежа, чистење на снегот и одржување на патиштата во зимски услови, одржување на водоводните и канализационите системи на територија на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php