«

»

Dec 19

Превентивен координативен состанок во општина Новаци

Во општина Новаци се одржа превентивен координативен состанок на кој присуствуваа градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски и претставници на локалната самоуправа, СВР Битола, ЈП „Македонски шуми“ подружница Кајмакчалан, РЕК – Суводол, ЦУК и Дирекција за заштита и спасување.

На почетокот на состанокот беше направена листа на присутност и беше разменета листа на контакт телефони. Се разговараше за временската прогноза, состојбата со врнежите од дожд и висината на водостојот на река Црна.

„Стана збор за состојбата со врнежите од дожд и нивото на река Црна кое вчера изнесуваше1,20 а денес крена на 2м. Од четврток се очекуваат ниски температури и во вакви временски услови нема опасност од поплави. Ако нивото на река Црна се искачи над 3,50м тогаш има потенцијална опасност од поплави. Беше констатирано дека времето е добро во моментот но дека има некои најави за нови снежни врнежи во текот на денешниот ден“, велат од Центарот за управување со кризи и Дирекцијатан за заштита и спасување.

Градоначалникот Котевски ја изарзи својата благодарност за делувањето на зимската служба и чистењето на снегот од патиштата по минатиот одржан состанок.

Беше донесена одлука механизацијата која ќе го чисти снегот во мариовскиот предел редовно да биде придружувања од елсно возило со цел да се спречат разни несакани последици ( дефект на возилото кое ќе го чисти снегот).

Претставникот на РЕК Суводол се изјасни дека сите активности за чистење на снегот ќе бидат извршени по консултацијата со директорот на комбинатот.

Центарот за Управување со Кризи и Дирекцијата за заштита и спасување редовно на е-маил испраќаат и ќе испраќаат известувања за временските прилики за да може соодветно да се дејствува.

Констатирано беше дека нема претставник на ЗК Пелагонија, при што се донесе заклучок дека на следниот состанок потребно е да се покани нивен претставник,  за да можат и тие со механизацијата со која располагаат,да се вклучат во одржувањето на патиштата во зимски услови.

Целокупната акција за чистење на снегот ќе ја координира општина Новаци во смисла на алармирање на службите за нивно вклучување во акцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php