«

»

Dec 19

Општина Новаци започна со новогодишното украсување

Светлечки панделки, свеќи, ѕвончиња се само дел од новогодишните декорации кои започнаа да се поставуваат на столбовите од уличното осветлување низ улиците во општина Новаци. Овие светлечки тела му даваат посебна зимска магија и одлично го надополнуваат предновогодишното и божиќното расположение.

„ На минатата седница на Советот на општина Новаци донесовме одлука за набавка на огномет за Дочекот на највеселата и најлудата новогодишна ноќ. Во тој контекст е и поставувањето на овие новогодишни светлечки тела“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Новогодишни светлечки украси се поставуваат во сите поголеми села на територија на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php