«

»

Dec 19

Во општина Новаци се истражуваа можностите за економски развој на Новаци и Могила

Општина Новаци беше домаќин на работилницата  „ Истражување на можностите за економски развој на општините Новаци и Могила“. На самиот почеток беше направен краток осврт на целите на проектот и неговите идеи. Организатор на работилницата е Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка АГТИС од Прилеп.

„Темата на работилицата е „ Истражување на можностите за економски развој на општините Новаци и Могила“ а истата е дел од реализацијата на проектот „Градоначалникот не е златна рипка“. Проектот има намера да го поддржи граѓанското право на информираност за локалните политички понуди кои кандидатите за градоначалници и политичките партии ги лиферуваат и ветуваат во предизборието. “ рече Александар Талески – проект координатор

Двата градоначалници на пелагониските општини Новаци и Могила  извршија презентација на ресурсите, логистиката, земјиштето, инфраструктурата и нивната инструментализација во насока на ЛЕР- локалниот економски развој .

 

„Особено ми претставува задоволство што во општина Новаци секојдневно се случуваат различни настани кои претставуваат афирмација на нашата локална самоуправа. Денешната работилница  на тема: „Истражување на можностите за економски развој на општините Новаци и Могила“ ќе ни биде особено корисна  затоа што пред сите вас ќе ги презентираме ресурсите со кои располагаат нашите општини во функција на локалниот економски развој но уште поважна е поврзаноста на работилницата со креирањето на покорисни политички понуди за претстојните локални политички избори кои ќе се одржат во март 2013 година.“ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

„ Со децентрализацијата му се зголемија ингеренциите и надлежностите на општините и им се отвори поголема можност за поттикнување на локалниот економски развој. Исто така им се зголеми Буџетот и им се овозможија нови начини на финансирање. Општина Могила е  општина со вкупно 6700 жители со 23 населени места.“ рече Славко Велевски градоначалник на општина Могила.

На работилницата беше направен вовед во проектните идеи и поврзување на истите со локалните избори 2013 година. За таа цел беа поканети претставници на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од ограноците од двете општини Новаци и Могила, кои говореа за фокусните точки на визиите за ЛЕР.

Работилницата заврши со изведување на заклучоци и запознавање на присутните со идните планови односно како овој проект ќе им биде корисен на политичките партии во креирањето на поофанзивни, пофокусирани и покорисни политички понуди за локалните избори 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php