Daily Archive: December 19, 2012

Dec 19

Ќе се уредува островчето пред општина Новаци

Започнаа градежните зафати за уредување, обележување и хортикултурно декорирање на островчето пред општина Новаци.

Dec 19

Превентивен координативен состанок во општина Новаци

Во општина Новаци се одржа превентивен координативен состанок на кој присуствуваа градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски и претставници на локалната самоуправа, СВР Битола, ЈП „Македонски шуми“ подружница Кајмакчалан, РЕК – Суводол, ЦУК и Дирекција за заштита и спасување.

Dec 19

Општина Новаци започна со новогодишното украсување

Светлечки панделки, свеќи, ѕвончиња се само дел од новогодишните декорации кои започнаа да се поставуваат на столбовите од уличното осветлување низ улиците во општина Новаци. Овие светлечки тела му даваат посебна зимска магија и одлично го надополнуваат предновогодишното и божиќното расположение.

Dec 19

Ќе се дели Заедничкото Јавно Комунално Претпријатие “Пела Хигиена” на Новаци и Могила

Општините Могила и Новаци започнаа постапка за поделба на заедничкото комунално претпријатие „Пела Хигиена“. Претпријатието е формирано пред 2 години преку проектот „Форуми во заедницата“ на Швајцарската агенција за соработка заради основна дејност организирање, собирање и транспорт на комунален отпад на територија на Новаци и Могила.

Dec 19

Ќе се реконструира пензионерскиот клуб во Новаци

Општина Новаци продолжува со позитивниот тренд и реализација на уште еден сопствен проект. Со средства добиени од Програмата за мали грантови на Мировниот корпус во РМ и сопствени средства  во сразмер 50:50 ќе го реконструира пензионерскиот клуб во с. Новаци. На овој начин ќе се подобри квалитетот на живот на пензионерите од општина Новаци, ќе …

Continue reading »

Dec 19

Презентирани студиите за реализација на парно греење во Новаци и Битола

Во Општина Новаци денеска се одржа 5 – тата односно и последна работилница од проектот ТЕЛЕТЕРМ- Пренос на знаење за централно греење на Битола и Новаци. Во рамките на истата беа презентирани заклучоците од реализираната втора студиска посета на грчките партнери ДЕТЕПА а двата експерти од Техничкиот факултет од Битола ги претставија студиите за начинот …

Continue reading »

Dec 19

Во општина Новаци се истражуваа можностите за економски развој на Новаци и Могила

Општина Новаци беше домаќин на работилницата  „ Истражување на можностите за економски развој на општините Новаци и Могила“. На самиот почеток беше направен краток осврт на целите на проектот и неговите идеи. Организатор на работилницата е Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка АГТИС од Прилеп.

css.php