«

»

Dec 14

Општина Новаци се подготвува за следниот снежен бран

Изнаоѓање на трајно решение и изготвување на план на дејствување за чистење на патиштата во зимски услови, беше целта на состанокот помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претставниците на Македонија пат, СВР Битола, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за државни патишта.

Сите присутни беа запознаети со програмата за зимско одржување на патиштата на општина Новаци која ја донесе Советот на последната седница, а воедно им беше доставен и примерок од истата.

Беа одредени лица за контакт и разменети телефонски броеви односно беше направен телефонски именик на лица претставници од локалната самоуправа и надлежните органи и институции, кои треба да бидат постојано во контакт и достапни во случај на отежнати зимски услови.

Сите на состанокот се согласија од потребата за свикување на нов состанок на кој ќе бидат повикани покрај присутните и претставници на РЕК Битола и ЈП Македонски шуми со цел да се изнајде трајно решение за делување на службите и ангажирањето на механизација за чистење на снегот на патиштата на територија на општина Новаци во зимски услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php