«

»

Dec 12

Новаци и Алмопиа заедно ќе го развиваат пограничниот туризам

Општините Новаци и Алмопиа заедно ќе го развиваат туризмот во пограничниот регион. По Нова година ќе се започне со реализација на проектот „Жива природа-жива историја“ во пограничните региони на Македонија и Грција каде ќе бидат реставрирани повеќе културно историски знаменитости.

Градоначалниците на двете општини го потпишаа договорот за време на последната посета на оваа грчка општина при што беа прецизирани сите детали неопходни за понатамошната соработка.

„Заедно со градоначалникот на општина Новаци правиме напори успешно да го реализираме проектот во рамките на Интерег програмата за меѓугранична соработка. Веруваме дека оваа соработка ќе донесе голема корист на двете страни. Се работи за амбициозна програма и активности кои не спојуваат заедно во интерес на развојот и прогресот“, вели Пасоис Димитриос, градоначалник на општина Алмопиа, Грција.

Со помош на добиените средства од грантот во висина од 520 000 евра треба да се интензивираат организираните посети на знаменитостите на Новаци и Алмопиа со туроператори, а треба да се направи и анимација на транзитните туристи.

„Ја развиваме пограничната соработка со општина Алмопиа. Всушност, проектот многу ние важен за зближување на народите. Со проектот е опфатено културното наследство како во нашиот дел од општината така и во пограничниот регион на Грција. Проектот го добиваме заеднички за реновирање и реставрација на културните споменици кои се под заштита на културата“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Проектот ќе биде насочен кон документирање и истражување на поврзаноста на природните локалитети во секоја област и нивно промовирање од туристички аспект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php