«

»

Dec 11

Општина Новаци подготвено го дочека снегот

Општина Новаци подготвена го дочека снежното невреме и ниските температури кои ја зафатија Пелагонија.

Од рано изутрина екипите на Заедничкото комунално претпријатие Пела Хигиена се излезени на терен и ги чистат патиштата на територија на општина Новаци, како и тротоарите и пешачките патеки. Секако по потреба се фрлаат  сол и ризла за да се спречи појава на голомразица. Чистењето и одржувањето на регионалните патишта се во надлежност на ЈП Македонија пат.

Со предлог програмата за чистење на снегот предвиден е редослед  и приоритет на чистење и одржување на општинските патишта: Р-1101 Г.Агларци, Р-1101-Д.Агларци, Р1101-Далбеговци, Р-1107 –Живојно, Новаци-Рибарци, итн.

Во акцијата за чистење на снегот се вклучија и локалните жители кои го чистеа снегот и подмрзнатиците од патеките и приодите пред своите домови.

На последната седница на Советот на општина Новаци беше усвоена и Предлог програмата за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици за сезоната 201/2013 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php