«

»

Dec 11

Општина Новаци домаќин на подвижната канцеларија на Министерството за Земјоделие

Снегот кој обилно паѓаше не ги спречи претставниците од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство на Р.Македонија и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството да ги советуваат и информираат земјоделците за сите новини на гореспоменатите институции во Подвижната канцеларија.

Земјоделците беа запознаети со Упатствата за користење на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и тоа во мерките 1.4 Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства и мерката 1.6 Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи. Исто така им беше објаснето кои се потребните документи и како се пополнуваат формуларите за аплицирање.

Претставниците на МЗШВ и АПРЗ на сите заинтересирани земјоделци им поделија материјали со инструкции за клучните чекори за добивање на одобрение за легализација на оранжерии,  помошни објкети и објекти за примарна обработка на земјоделски производи кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште.

Ова е редовна практика во општина Новаци да се советуваат земјоделците со цел да бидат навремено информирани и посоветувани за сите новини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php