«

»

Dec 10

Се одржа 57 седница на Советот на општина Новаци

На денешната 57-ма седница на Советот на општина Новаци , советниците ги усвоија сите 10 точки кои беа ставени на дневниот ред.Најпрво состанокот започна со усвојување на записникот од претходната седница а потоа се пристапи кон гласање според планираниот распоред.

Советниците го одобрија Предлог буџетот на општина Новаци и буџетскиот календар за 2013 година. На седницата се одобрија средства за одбележување на Новата 2013 година и Божиќните празници. Советниците дадоа зелено светло и за поправка на пумпната станица во с. Бач а одобрија средства за подмирување на потрошената електрична енергија за пумпната станица во с.Живојно. Прифатени беа барањата за ревитализација на с.Груништа, барањето од КУД Новаци од Новаци и барањето за уредување на просторот покрај полициската станица и стадионот во Новаци.

Советот на општина Новаци ја одобри и Предлог Програмата за зимско одржување на проодноста на општинските патишта на територија на општина Новаци за сезоната 2012/2013 година.

Оваа е последна седница на Советот на општина Новаци за оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php