«

»

Dec 10

Работилница како се пишува грант за Проект во општина Новаци

Во просториите на општина Новаци се одржа работилница за тоа како се пишува Проект за грант. Целта беше запознавање на општинската администрација со основните информации и зборови кои што се потребни при пишување на еден проектза добивање грант од ЕУ фондовите.

„Апликацијата треба да содржи идентификација на проектот, детален опис, партнерите во проектот, буџет на проектот, времетраење, показатели и листа за проверка.Секој проект е различен еден од друг но сепак има одредени работи кои се заеднички односно треба да ги содржат сите проекти. “вели Хана Траскот, волонтер во општина Новаци од Мировниот корпус на САД.

Ова е многу важна работилница за Општина Новаци заради изготвување на проекти за добивање на средства од ИПА програмата. Досега општина Новаци има добиено неколку грантови а последниот е од ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија за заштита на културното наследство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php