«

»

Dec 07

Општина Новаци воведува видеоконференциска врска со Влада на РМ

Општина Новаци воведува систем за видеоконференциска врска помеѓу Владата на Република Македонија и државните институции. Станува збор за десктоп апликацијата Polycom Converged Management Application –CMA  која во иднина ќе се користи за воспоставување на видеоконференциска врска помеѓу општината и Владата.

„ Ова е многу корисна апликација која на сите ќе ни заштди време и пари, лесна е за користење, овозможува брза и лесна комуникација  како и поголема ефективност во работењето“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На инсталирањето на CMA апликацијата му претходеше обука која ја организираше Генеријалниот секретаријат на Влада на Р.Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php