«

»

Dec 05

Ќе се реконструира водоводната мрежа во Далбеговци, Горно и Долно Агларци

Во просториите на општина Новаци се одржа состанок помеѓу градоначалникот Лазар Котевски,претставник на изведувачот „Маркоски К- 73“ ДООЕЛ Струга и претставник на надзорот Г.И. Македонија АД Скопје за реконструкција на водоводната мрежа во на населените места во Далбеговци, Горно и Долно Агларци. Проект е финансиран со средства добиени од кредит од Европската банка за обнова и развој.

„Со овој проект се предвидува приклучување на с. Далбеговци, с. Горно Агларци и с. Долно Агларци кон регионалниот водоводен систем на Битола. Со проектот е предвидена изградба на доводен (главен) цевковод од приклучните точки на регионалниот систем до селата и реконструкција на водоводниот систем за овие населени места. Мој и приоритет на локалната самоуправа е секое населено место во општина Новаци да добие чиста и здрава вода за пиење“, вели градоначалникот Котевски.

На одржаниот состанок со изведувачот и надзорот им беше предадена техничката документација со што беа воведени во работата на реконструкција на водоводната мрежа и започнува да тече рокот за изведување на работите.

Во досегашниот период потрошувачката на вода во с. Далбеговци, с. Горно Агларци и с. Долно Агларци не се мери, а одржувањето го вршеле месните заедници, но по имплементација на проектот со водоводните мрежи и одржувањето на системот ќе го прави Заедничкото јавно комунално претпријатие „Пела – Хигиена“ с. Добрушево кое е формирано 2010 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php