«

»

Dec 05

Мариовската “Трева што бега” амајлија против зло и извор на младост и убавина

Малкумина ја слушнале легендата за „тревата што бега“ за која Мариовци веруваат дека носи среќа и бериќет. Според кажувањата на жителите на мариовското село Старавина, оној кој ја има амајлијата направена од двете треви кои можат да се најдат само на врвот на Кајмакчалан на планината Ниџе, ќе остане вечно млад, убав и ќе го прати среќа.

„Тревите ги викаат копида и топида. Едната од нив се вика тревата што бега, бидејќи не може да ја најде секој што ја бара. Таман ќе ја најдат и ќе пружат рака да ја скинат таа исчезнува или се губи во друга трева. Или пак ако успеат да ја скинат кога ќе ја однесат дома таа ќе се исуши или ќе ја снема. Како што кажуваат старите, од Првата Светска војна од фронтот живи се вратиле само тројца Мариовци, бидејќи со себе носеле амајлија направена токму од тревата што бега“, раскажува Ристе Момоковски кој потекнува од мариовското село Градешница.

„Тревата што бега“ на поклон ја добил поранешниот амбасадор на САД во РМ, Лоренс Батлер а ја имаат и неколку познати македонски функционери.

Легендата за тревата што бега е своевидна реплика на волшебниот напиток од приказните кој им дава сила на јунаците да ги поминат искушенијата и премрежјата. Растението го добило името по карактеристиката да може да го скинат одбрани луѓе, а амајлијата се состои од две треви кои треба да се спојат заедно за да делуваат чудотворно.

Амбиентот во Мариово е како оној во македонски народни приказни, а посебно големо внимание привлекуваат старите легенди кои ги има во изобилство. Мариовските села се идеални за развој на селскиот туризам. Општина Новаци преку интензивирање на соработката со француската област Долна Нормандија прави обиди за заживување на оваа област, а неодамна доби средства за реализација на проект за заштита на културното наследство со што ќе се реконструира Куќата на Калеш Анѓа, една стара воденица, мостот на Зовиќ и црквата Свети Димитрија во с.Градешница.

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php