«

»

Dec 04

Редовно советување на земјоделците во општина Новаци

Во просториите на општина Новаци советниците од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството им одржаа редовно советување на земјоделците,ги запознаа со сите новини  на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на република Македонија.

Земјоделците беа запознати со Упатствата за користење на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година и тоа во мерките  1.4 Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства и мерката 1.6 Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.Им беше објаснето кои документи им се потребни и како да ги пополнат формуларите за аплицирање.

Советниците на Агенцијата на земјоделците им поделија и материјали за тоа кои се клучните чекори за добивање на одобрение за легализација на оранжерии, помошните објекти и објектите за примарна обработка на земјоделски производи кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште.

Ова е редовна практика во општина Новаци,советниците од АПРЗ да ги советуваат земјоделците.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php