«

»

Dec 04

Изабела Угревска од Новаци добитник на регионално признание

Изабела Угреска е добитник на втората награда за најдобро изработен цртеж на тема „Ден за борба против сидата“на Регионален натпревар. Конкурсот е традиционален а го објавува Центарот за јавно здравје од Битола по повод 1 декември Светскиот ден за борба против сидата.

„Многу сум среќна што ја добив оваа награда и таа ќе биде поттик за мое понатамошно творење и учествување на разни конкурси на други теми. Го насликав мојот цртеж со цел да ги потсетам луѓето дека ХИВ вирусот е секаде присутен и дека треба уште многу работи да се направат за да се избориме против ова зло на денешницата.“ вели Изабела Угреска, добитник на наградата.

Изабела е ученик во седмо одделение во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци и е член на ликовната секција.

„ Многу ми е мило што мојата ученичка Изабела ја доби втората награда на конкурсот кој се објавува секоја година по повод светскиот ден за борба против сидата. Ова признание претставува поттик како за мене така и за другите ученици и понатаму да учествуваме на други конкурси“, вели Александар Макариовски, наставник во ЦОУ„Славко Лумбарковски“ од Новаци.

Светскиот ден за борба против СИДА-та се одбележува од 1988 година со цел зголемување на свеста при соочување со предрасудите за ХИВ вирусот и помошта при спречувањето на ширењето на овој вирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php