«

»

Dec 03

Средба на градоначалникот Котевски со претставници на ЦРППР

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски на денешната средба со претставници од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион ги ревидираа предложените проекти во Акцискиот план за 2013 година и ги одредуваа приоритетните со кои општината ќе аплицира за финансиски средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2013 година.

Општина Новаци за реализација во 2013 година ги има предложено следните проекти: Изработка на техничка документација за реконструкција на регионалниот пат Р-120 од врска Р-509 Новаци до врска М-5 Тополчани,Изработка на студија за алтернативно наводнување на Пелагонија (надвор од системот Стрежево),проект за техничка вода за с.Бач и пумпна станица, изработка на проект за регионален пат Р-511 (Рапеш-Старавина),реконструкција на регионалниот водовод во селата:Градешница, Старавина, Будимирци и Зовиќ, пречистителна станица за канализација во с.Новаци, партерно уредување на просторот на река Коњарка, уредување на поројот во с.Гермијан, реализација на проект за наводнување во с.Гермијан (Елешка река),изградба на локален пат Брод-Гнеотино, сообраќајна сигнализација, поставување тротоари, реконструкција на заштитна брана во с. Живојно,изградба на локални патишта, изработка на урбанистичка документација за селата:Добровени, Градешница, Долно Орехово и Мегленци, изградба на пешачка патека во Горно Агларци, реконструкција на брана во с.Живојно и проект за наводнување-одводнување во Пелагонија.

Вкупниот износ на расположливи средства за регионален развој достапни за Пелагонија се нешто повеќе од 6 милиони денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php