«

»

Dec 03

Покрај доматот, и пченката опфатена во пилот проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси

Пилот проектот за „Експанзија на мали бизниси“ на УСАИД се проширува со уште една земјоделска култура-пченката која е водечка култура по засадена земјоделска површина во општина Новаци.За таа цел во просториите на општина Новаци се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници на УСАИД, општина Новаци и земјоделци одгледувачи на пченка.

„Ќе се одбере еден индивидуален земјоделец кој веќе одгледува пченка и има повеќегодишно искуство, ќе се спроведе системот за наводнување „капка по капка“ и ќе се работи според современи начини и земјоделски протоколи. “ вели Мирјана Македонска, технички менаџер на проектот за експанзија на мали бизниси.

По спроведувањето на пилот проектот и промоцијата на постигнатите резултати очекуваме масовна прифатеност на начинот на работа од страна на другите земјоделци, вели директорот на проектот Карл Ларкинс.

„Како резултат на моето искуство од спроведувањето на овој проект во Израел каде се користеше системот за наводнување капка по капка а станува збор за пустина, приносите беа зголемени повеќекратно.Затоа тука на ова плодно земјиште какво што е во Пелагонија очекуваме резултатите да бидат повеќе од задоволнителни“ вели директорот на проектот Карл Ларкинс.

Општина Новаци во овој проект покрај земјоделец кој произведува индустриски домат, ќе биде вклучена со уште еден земјоделец – одгледувач на пченка.

„Последните 5 години постојано вложувам во системи за наводнување. Според моите искуства и искуствата на соседните земји приносите константно се зголемуваат доколку се применуваат современи начини на наводнување.Очекувам од спроведувањето на овој пилот проект од досегашните 11 тони по хектар произведена пченка, зголемување на приносите за 20-30%.“ вели Никола Велјановски, одгледувач на пченка.

На средбата со претставниците на УСАИД, градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски ги посочи капацитетите и ресурсите со кои располага оваа облас.

„Многу ме радува фактот што општина Новаци се покаѓа како доста интересна за реализација, спроведување и имплементирање на разни проекти, но овој ми е особено драг проект затоа што ги развива малите бизниси но и го модернизира земјоделството“ вели градоначалникот Котевски.

Официјалното отворање на проектот за Ескпанзија на мали бизниси и Пелагонија ЛЕАДЕР проектот беше на почетокот на месец ноември на Хиподромот Хрибо во с.Крклино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php