«

»

Dec 03

Општина Новаци ќе добие трета фотоволтаична централа

Денеска во просториите на општина Новаци се одржа јавна презентација на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на мала фотоволтаична централа од 50 киловати во место викано Слатина, северно од с.Новаци. Инвеститор ќе биде Никола Велјановскиа ЛУПД е изработена од фирмата Урбан проект од Прилеп.

„ До местото каде ше биде централата има пристап од некатегоризиран пат кој е обезбеден со заштитен појас од 10 метри каде што не смее да се градат други објекти. Некатегоризираниот пат ќе си остане таков каков што е а интензитетот на сообраќај е многу мал, едно возило на два дена. Централата е формирана од две парцели кои се сопственост на еден субјект односно инвеститорот. Во рамките на новата парцела се планира намена Е2 односно градба за производство на енергија.Овде ќе бидат поставени сончеви колектори од кои ќе се произведува електрична енергија која од постоечките постројки и инвентори со приклучоци ќе се внесува во системот. Нема никакви инфраструктурни објекти од сите видови ни над земја ни под земја. Источно од парцелата на околу 200 метри има линија од 200 киловолтни дрвени столбови (бандери) кои во иднина по изградбата на централата ќе биде искористени за приклучување на централата на системот и мрежата. Површината на вака формираната градежна парцела е 10 249 м2, а 7944 м2 се предвидени за градба а за поставување на колекторите се  потребни 2000 квадратни метри. Можно е понатаму проектантот кога ќе изработува основен проект согласно законот и желбите на инвеститорот да се одреди каде е најдобро да се лоцира групацијата од колекторите. Висината на градбата треба да биде максимум 3 метри. Не е потребна вода и канализација ниту пак работна сила за изградба. Инвеститорот ќе треба да има стражар за чување на опремата и на оградата која ќе се постави“,  рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Побарано е од ЕВН приклучок кон електричната мрежа и по завршувањето на јавната презентација и јавната анкета и тоа ќе го направиме , вели инвеститорот Никола Велјановски.

Општина Новаци важи за општина со најголем број сончеви денови во годината, па оттаму потекнува овој голем интерес за изградба на фотоволтаични централи. Централата „Мегасолар“ во с. Гермијан од 1 мегават веќе функционира повеќе од една година, завршена е процедурата за уште една централа во с. Новаци а инвеститорот ја чека дозволата од МЗШВ за пренамена на земјиштето и  отпочнување со работа.Фотоволтаичната централа на Никола Велјановски ќе биде трета во општина Новаци. По јавната презентација ќе се изврши и јавна анкета која ќе трае 8 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php