«

»

Dec 03

Општина Новаци во Руски бизнис каталог

Општина Новаци ќе ги краси страниците на новото трето продолжено издание на рускиот бизнис каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија 2013“ година. Едицијата ќе ги прикаже и збогати бизнис релациите помеѓу Руската федерација и Република Македонија. Основна цел на Каталогот е да создаде простор за нови пријателства, нови патувања, нови бизнис релации и нови плодотворни активности во полето на индустријата, економијата, сообраќајот, туризмот, културата и бизнис соработка.

„Станува збор за рекламен материјал односно руски бизнис каталог  кој ќе се испечати во колор издание на А4 формат, при што убавините и ресурсите со кои располага општина Новаци ќе бидат претставени со слики и текстуално презентирање на руски јазик.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Изработувач на рекламниот материјал ќе биде Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност Елита, а истиот ќе биде дистрибуиран до деловните кругови во Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php