«

»

Dec 03

Иницијатива за збратимување на општина Новаци со сродна општина од Р.Словенија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со почесниот конзул на Република Словенија Мишко Мојсов и со претседателката на македонско-словенското здружение Триглав, Тања Франц на која се разговараше за можностите за збратимување на општина Новаци со сродна општина од Република Словенија.

„Денеска остваривме средба со почесниот конзул на Р.Словенија и јас како градоначалник му ги дадов сите информации за нашата општина, го запознав со ресурсите со кои располагаме, нашите капацитети а му ги посочив и домените кои се интересни за нас односно во кои насоки треба да се движи конзулот при изнаоѓањето на сродна општина за збратимување.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Денешната средба во целост ќе му биде пренесена на амбасадорот на Република Словенија во Македонија со цел да се најде сродна општина со која Новаци ќе се збратими.

„Општината со која треба да се збратими Новаци треба да има одредени активности во доменот на производството на електрична енергија  или рудник на јаглен бидејќи знаеме дека во Новаци се наоѓа РЕК, потоа сличности за развој на алтернативниот селски туризам  но пред се тоа треба да биде мала општина што нема да претставува проблем бидејќи во Словенија има околу 120 општини и сите се мали. Денеска ја започнавме оваа иницијатива за збратимување и тоа особено ме радува и сметам дека тоа ќе се случи во најскоро време. Секако дека тоа треба да биде некоја општина која по карактеристиките ќе одговара на Новаци за да може двете општини да развијат плодна соработка“ вели почесниот конзул на Р.Словенија во Р.Македонија, Мишко Мојсов.

Општина Новаци веќе е во процедура за збратимување со општина од Унгарија а неодамна се воспостави иницијатива за соработка со хрватската општина Дуги Рат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php