«

»

Dec 03

Градоначалникот на општина Новаци избран за Претседател на Регионалниот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот регион

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски на 15-тата седница на Советот за развој на Пелагонсикиот плански регион беше избран за претседател на новоформираниот регонален одбор за управување со отпад со двегодишен мандат.

„Регонален одбор за управување со отпад  ќе биде надлежен за:утврдување на нацрт на Регионален план за управување со отпад, организирање и следење на примената, набавка и избор на добавувачи и градители за елементи на регионалниот систем, избор на оператор на системот, одобрување на нацрт инвестициска програма за развој на регионалниот систем, вршење контрола на работата, усвојување Статут, избор на претседавач и други прашања определени со статутот на РОУО“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Договорот за соработка за воспоставување на регионален одбор за управување со отпад во пелагонискиот плански регион го потпишаа градоначалниците на општините: Битола, Новаци, Ресен, Могила, Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани и Долнени.

„Тоа е обврска на сите региони во Република Македонија. Пелагонија е трет регион кој го формира овој регионален одбор за управување со отпад. Негови членови се градоначалниците на сите општини кои се членови на тој регион и со еден претседател кој ќе има мандат од две години. Ова тело ќе се занимава со донесување политики, стратешки документи и значајни одлуки за регионот, но исклучиво во делот на управувањето со отпадот“ вели Ана Каранфиловска Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад.

На седницата на советот за развој на Пелагонискиот Плански Регион освен за измените во законот за управување со отпад се разговараше и за акцискиот план за работа на Цетарот за развој на пелагонискиот плански регион за 2013 година а беа разгледани и тековни прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php