«

»

Dec 03

Бесплатни здравствени прегледи и совети за справување со зимските услови за жителите на Мариовска Градешница

Општина Новаци, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Итната медицинска помош од Битола организираа бесплатни здравствени прегледи за жителите на мариовското село Градешница.

„Ова е ретка можност за нас и многу не радува што општината се грижи за нас и ни организира вакви бесплатни здравствени прегледи каде можеме да ја измериме нашата тежина , крвен притисок, шеќер во крвта и слично.Исто така добивме најразлични здравствени совети и одговор на многу наши прашања. “ велат жителите на село Градешница.

Од регионалната дирекција за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи Битола , жителите на ова мариовско планинско село ги обучуваа како да се справуваат со зимските услови , со чистењето на снегот и патиштата.

„Имаме договор со Македонија пат тие да го чистат регионалниот пат кој води до Мариово а потоа ние да обезбедиме механизација за да ги исчистиме локалните патишта кои водат до овие мариовски села. Исто така голема помош добиваме и од шумското претпријатиа кајмакчалан за чистење на овие селски патишта.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Вакви слични акции ќе се организираат и во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php