Daily Archive: December 3, 2012

Dec 03

Средба на градоначалникот Котевски со претставници на ЦРППР

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски на денешната средба со претставници од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион ги ревидираа предложените проекти во Акцискиот план за 2013 година и ги одредуваа приоритетните со кои општината ќе аплицира за финансиски средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2013 година.

Dec 03

Градоначалникот на општина Новаци избран за Претседател на Регионалниот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот регион

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски на 15-тата седница на Советот за развој на Пелагонсикиот плански регион беше избран за претседател на новоформираниот регонален одбор за управување со отпад со двегодишен мандат.

Dec 03

Општина Новаци ќе добие трета фотоволтаична централа

Денеска во просториите на општина Новаци се одржа јавна презентација на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на мала фотоволтаична централа од 50 киловати во место викано Слатина, северно од с.Новаци. Инвеститор ќе биде Никола Велјановскиа ЛУПД е изработена од фирмата Урбан проект од Прилеп.

Dec 03

Покрај доматот, и пченката опфатена во пилот проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси

Пилот проектот за „Експанзија на мали бизниси“ на УСАИД се проширува со уште една земјоделска култура-пченката која е водечка култура по засадена земјоделска површина во општина Новаци.За таа цел во просториите на општина Новаци се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници на УСАИД, општина Новаци и земјоделци одгледувачи на пченка.

Dec 03

Општина Новаци во Руски бизнис каталог

Општина Новаци ќе ги краси страниците на новото трето продолжено издание на рускиот бизнис каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија 2013“ година. Едицијата ќе ги прикаже и збогати бизнис релациите помеѓу Руската федерација и Република Македонија. Основна цел на Каталогот е да создаде простор за нови пријателства, нови патувања, нови бизнис релации …

Continue reading »

Dec 03

Иницијатива за збратимување на општина Новаци со сродна општина од Р.Словенија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со почесниот конзул на Република Словенија Мишко Мојсов и со претседателката на македонско-словенското здружение Триглав, Тања Франц на која се разговараше за можностите за збратимување на општина Новаци со сродна општина од Република Словенија.

Dec 03

Бесплатни здравствени прегледи и совети за справување со зимските услови за жителите на Мариовска Градешница

Општина Новаци, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Итната медицинска помош од Битола организираа бесплатни здравствени прегледи за жителите на мариовското село Градешница.

Dec 03

Интернационална конференција “Што ние правиме за малите и средни претпријатија”

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски присуствуваше на отворањето на тридневната интернационална конференција на која ќе се дискутира на тема „Што ние правиме за малите и средни претпријатија“, во организација на Фондацијата Бизнис старт ап Центарот, како дел од проектот на УСАИД „ Бизнис без граници “. Целта на конференцијата е да им се понудат …

Continue reading »

css.php