«

»

Nov 28

Министерството за одбрана ќе му предаде свој објект на општина Новаци

Со одлука на Влада на РМ од 20.10.2012 година денеска претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија на градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски ќе му ја предадат во трајно владение зградата во село Скочивир, која досега беше нивна сопственост. Станува збор за објект  кој се наоѓа во месноста викана Момоки, со вкупна површина од 213 метри квадратни,земјиште со површина од 7300 метри квадратни на надморска висина од 600 метри.Зградата во Скочивир, Министерството за Одбрана му ја дава на Општина Новаци  на трајно користење без никаков надомест. Објектот се планира да се пренамени во сместувачки капацитет по принципот на јавно приватно партнерство, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Во непосредна близина на зградата во Скочивир се наоѓа еден од најпознатите и најпосетуваните манастири во општината, Св.Арханѓел Михаил со богат црковен иконостас како и значајно културно наследство. Манастирските конаци со околу 35 легла се пријатно место за одмор и освежување особено погоден за развој на селскиот алтернативен туризам како и за развој на Мариовскиот регион. Благодарение на поволните климатски услови, незагадениот воздух и недопрената природа која е во близина на објектот со мали градежни зафати би прераснал во туристичка дестинација за туристите од регионот и пошироко.Локацијата каде се наоѓа објектот преку регионалниот пат Р-510 се поврзува со планинскиот врв Кајмакчалан, што овозможува развој  на планинскиот туризам“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во следниот период општина Новаци планира да поведе постапка до Министерството за одбрана за добивање право за отстапување на објектот на поранешната караула во село Живојно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php