«

»

Nov 27

Новаци наскоро ќе ја добие првата бензиска пумпа

Општина Новаци конечно ќе ја добие првата бензиска пумпа на своја територија, објект кој по изградбата ќе биде од голема корист за мештаните на  општината, кои за точење гориво за возилата и земјоделската механизација се принудени  да одат  до Битола.

„Станува збор за приватна инвестиција, а објектот се гради на градежно земјиште со вкупна површина од 1 099 метри квадратни. Општинската администрација ги направи сите напори и ги изготви сите документи во најкраток можен рок за инвеститорот да започне со изградба. Земјиштето беше во државна сопственост но на јавно наддавање беше отуѓено од страна на Министерството за транспорт и врски. Бензиската станица има големо значење затоа што оваа Општина се протега на голема површина, но нема ваков објект, а фрекфенцијата на возила е голема. Оваа инвестиција е добредојдена во општина Новаци“ – рече градоначалникот Лазар Котевски.

Бензиската пумпа е приватна инвестиција и се гради веќе неколку месеци, а за неколку недели се очекува и свечено да биде пуштена во употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php